Истрагата за даночната шема за неплаќање даноци, со која засега се опфатени двајца вработени, може да се прошири и на уште неколкумина, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во интервју за ТВ24.
Обвинителството веќе води и предистражна постaпка, а се комплетира и целокупната документација поврзана со компаниите кои во период од 2015 – 2016 не плаќале данок на добивка.
-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на своите надлежности веќе оформи предмет со кој ќе се истражува постоење на евентуална кривична одговорност. По спроведената истрага во рамките на УЈП и самата институција доколку утврди постоење на елементи на кривични дела е должна да го извести Јавното обвинителство и да поднесе соодветна кривична пријава по која истото ќе постапува, се вели во известувањето од ОЈО.
Лукаревска вели дека наскоро ќе бидат објавени и имињата на фирмите.
-Од сите сектори, градежништво, медиуми, угостителство и со нив не е искомуницирани и се прави анализа за сите нивни евиденциски состојби во УЈП од тој период и претходно и сегашната состојба. Даночна тајна е зошто е идентитет на даночен обврзник, изјави таа.
Вработени во УЈП помагале фирми и претпријатија да не плаќаат данок
Инаку, на листата на должници на УЈП кои управата ги објавува се наоѓаат четири ипол илјади фирми. Меѓу најголемите неплаќачи се јавните претпријатија „Македонија пат“ , МЖ Инфраструктура и Македонската радиотелевизија. Од приватните компании најголем должник на данок е „Отекс“ од Охрид. Покрај јавниот сервис, долг за данок имаат и две приватни телевизии, Алфа и Телевизија Нова. Данок не плаќаат и општини, загубари и фирми во стечај.
Во врска со засилените контроли од УЈП , Лукаревска тврди дека нема селективност по обвинувањата од опозицискатаВМРО-ДПМНЕ, дека со затворањето на популарни кафетерии и барови во Скопје се врши политички притисок.
-Сите налози кои беа давани на инспекторите за да одат во контрола, не беше кажано конкретно дали треба во овој или ониј локал. Не е напртавена никаква селекција. И тоа го тврдам пред јавноста. Во ваков случај постои изигрување на законот, односно издавање на компјутерски сметки и издавање на нефискализирани апарати, вели директорката во Управа за јавни приходи.

