Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека хронично болните лица, родителите на деца до 10 години, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои користат дневен центар, лицата кои одат на работа со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, се ослободени од работа или доколку има можност да работат од дома.
Владата на Република Северна Македонија, по барање на МТСП, ја продолжи мерката за ослободување од работа на наведените категории граѓани сè додека Комисијата за заразни болести не подготви соодветни протоколи за работа, дејствување и однесување на работно место за овие категории граѓани.
Министерството за труд и социјална политика укажува дека работодавачите имаат обврска да ја почитуваат мерката за ослободување од работа на наведените категории на граѓани.