Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мукаетов во Трст: За напредок неопходно е поврзување во регионот

0
By Нова ТВ on July 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 13, 2017 18:00

Во рамки на 4-тиот Самит за Западен Балкан кој се одржа во Трст, се одржа панел-дискусија на тема „Регионална економска област на Западен Балкан – патоказ кон членството во ЕУ“, на која заедно со претставниците на компании од Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово, Албанија и Србија, учествуваше и Живко Мукаетов, генерален директор и Претседател на УО на „Алкалоид АД“ Скопје.

Во рамките на панел-дискусијата, Мукаетов ја нагласи важноста на поврзувањето на регионот од повеќе аспекти.

„Пораката која Европската Унија ја испраќа на овој еминентен собир, е дека тие сметаат на нас, но од друга страна, ние треба да покажеме дека имаме капацитет да создаваме синергии и да одиме напред“, истакна Мукаетов.

Во поглед на мобилноста на работната сила, како алатка за развој на бизнисите, Мукаетов истакна дека е потребно да се унифицира и поедностави системот по примерот на Скандинавските земји,со што би се дестимулирало одлевањето на квалитетни кадри од регионот. Тој ја нагласи и важноста на димензионирањето на едукативниот систем во согласност со потребите на бизнисите, со што би се намалила дискрепанцата во понудата и побарувачката на некои струки, односно би се продуцирале повеќе инженерски кадри кои во моментов се дефицитарни, а би се намалил бројот на кадрите по општествени науки, кои пак се суфицитарни.

За овие и слични теми, Мукаетов ги покани присутните на претстојниот „Самит 100 на бизнис лидери од Југоисточна Европа“ кој на 16-ти и 17-ти октомври ќе се одржува во Скопје.

„Како платформа за соработка која успешно функционира веќе седма година, Самит100 во Скопје ќе вклучува конкретни теми и проекти кои се од стратешка важност за унапредување на бизнисите во регионот. Во Скопје, клучниот збор ќе биде ‘Поврзување’ а наш гостин ќе биде Европскиот комесар за транспорт, г-ѓа Виолета Булц. Ќе дискутираме за транспорт, инфраструктура, проектот ‘зелена Балканика’, слободно карго, брендирање на регионот, мобилност на работната сила, дигитализација и енергетика. За овие суштински предизвици, ќе предложиме решенија кои регионот би го направиле поконкурентен“, изјави Мукаетов.

Алкалоид Живко Мукаетов Самит Трст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.