Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мулер му се заканил на Трамп дека ќе бара да сведочи за руските врски

0
By Нова ТВ on May 2, 2018 ВЕСТИ
Фото: ПА/Ројтерс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 2, 2018 09:54

Специјалниот советник Роберт Мулер предупреди дека може да издаде налог за американскиот прретседател Доналд Трамп да се појави пред поротата од федерално истражители, како дел од истрагата за наводните руски изборни мешања, објавуваат денедка американските медиуми.

Ова Мулер наводно го предложил за време на разговорите со адвокатите на Трамп во март.

Налогот ќе го принуди претседателот да се соочи со истражителите.

Ова е првпат специјалниот советник да ја спомене можноста, Трамп да биде принуден да сведочи за руското влијание врз неговиот избор за претседател.

За што се разговарало во март

За време на состанокот во март, адвокатите на Трамп инсистирале на тоа дека претседателот нема обврска да се соочи со прашања од федералните истражители во врска со истрагата за руската вмешаност, објави весникот Вашингтон Пост, повикувајќи се на четири лица кои се запознаени со детали од средбата во март.

Тимот на Мулер, наводно, одговорил на тој начин што сугерирарало дека ќе издадат судски налог, доколку Трамп одбие. Тие се согласиле да им обезбедат на адвокатите на претседателот конкретни информации за прашањата што би му биле поставени на Трамп.

Поранешниот адвокат на Трамп, Џон Доуд, во вторникот за новинската агенција Ројтерс изјави дека Мулер на состанокот ја споменал можноста дека Трамп ќе биде принуден да се соочи со прашањата на истражителите.

Дауд, кој поднесе оставка една ипол недела по состанокот, рече дека им изјавил на истражителите дека истрагата не е “некоја игра”, додавајќи дека не треба да си „играат со работата на претседателот на САД”.

Што се знае досега

Во понеделникот, претседателот го критикуваше Њујорк тајмс за објавување на повеќе од 40 прашања што Мулер, би му ги поставил на Трамп како дел од истрагата за руската вмешаност.

Тој во вторникот на Твитер објави дека протекувањето на прашања за медиумите е “срамно”, додавајќи: “Се чини дека е многу тешко да се попречи правдата за злосторство што никогаш не се случило”.

Листата на Мулер со прашања, наводно, се движи од сослушување за мотивите на претседателот за смената на поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, во мај минатата година, до неговиот однос кон јавниот обвинител Џеф Сешнс по неговото изземање од истрагата.

Едно од прашањата директно се однесува на Пол Манафорт, поранешен претседател на кампањата на Трамп, односно какви се сознанијата на  Трамп за врските на Манафорт со Русија.

Според “Њујорк тајмс”, Мулер, исто така, планира да побара од Трамп одговор за можна координација на неговата изборна кампања со Русија, врз основа на списокот што го добил од некој друг, не од адвокатите на претседателот.

Портпаролот на Белата куќа Раџ Шах изјави дека извештајот на Тајмс е “проблематичен”.

Што истражува Мулер?

Специјалниот совет ги разгледува обидите на Русија за влијание врз исходот од американските претседателски избори во 2016, без разлика дали се работи за заговор меѓу Кремљ и изборната кампања на Трамп или дали претседателот незаконски се обидел да ја попречи истрагата.

Мулер беше назначен за специјален советник откако Трамп го отшушти директорот на ФБИ Џејмс Коми минатиот мај.

Трамп тврди дека нема заговор меѓу неговата изборна кампања и Русите.

Американските медиуми објавија дека извори запознаени со случајот, тврдат дека Мулер ги информирал  адвокатите на Трамп во март дека претседателот е предмет на истрага, но не е цел на кривично гонење.

Засега не е познато кога Мулер ќе побара средба со претседателот Трамп.

Избори 2016 истрага Мулер рускија Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.