Околу 70.000 Индијци, муслимански свештеници потпишаа фатва против ИСИС и други квалификувани терористички организации со појаснување дека “тие не се исламски организации“.
Околу 1.5 милиони муслимани имаат потпишано петиција против терористички напади.
„Од недела натаму кога почнуваат годишните славења, членовите на Дарга Ала Хазрат распоредуваат формулари за потписи со кои порачуваме дека сме против тероризмот“, вели за индиски „Тајмс“, муфтијата Мохамед Салем Нори, еден од свештениците-потписник на фатвата.
Тој побарал од медиумите да не ги опишуваат ИСИС, Талибанците, Ал-Каеда и други, како исламски движења.
Свештеникот Хазрат Субхан Кан образлжува за весникот дека ваквата одлука доаѓа по нападите во Париз.
Свештеникот Мохамед Раза Кан вели во Куранот пишува дека „доколку се убие еден невин човек, тоа е исто како да сте го убиле целото човештво“.
Сепак, свештениците потенцираат дека се против бомбардирањата на земјите од НАТО во Сирија, каде што според нив, гинат невини жени и деца.
„Западните сили треба да се фокусираат на терористите но не по цена на животите на цивилното население“, порачуваат свештениците.




