Стотици илјади луѓе протестираа во Грозни во Чеченија против карикатурите на пророкот Мухамед. Собрани во центарот на главниот град тие скандираа “Алах Акбар” и носеа транспаренти на кои на арапски беше напишана нивната љубов кон Мухамед.
Според министерството за внатрешни работи на Русија на протестот имало околу 800 илјади луѓе додека локалните власти тврдат дека се собрале над милион луѓе.
Во саботата во Нигерија имаше протести на кои загинаа пет лица а 128 лица беа ранети и 189 лица уапсени. Освен тоа, беа изгорени 45 цркви за време на протестите кои се претворија во вистински немири. Според портпаролот на локалната полиција биле изгорени 45 цркви, пет хотели, 36 кафеани, едно сиропиталиште и едно христијанско училиште.
Изминатиот викенд во повеќе муслимански држави се одржаа протести против карикатурите на Мухамед.
Истовремено, министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел се заложија повеќе соработка со арапските земји во борбата против тероризмот. На овој состанок учествува и генералниот секретар на Арапскаѕа лига Набил ал-Араби.
“Мораме да ја зајакнеме нашата соработка со арапските земји и помеѓу нас”, изјави шефицата на надворешната политика на ЕУ Федерика Могерини. Според неа, терористите најмногу убиваат муслимани во светот и “оттука ни треба сојуз и дијалог за да се соочиме со проблемот заедно2; рече Могерини.
Според ал-Араби тероризмот не е само војно или безбедносно прашање но борбата треба да се води и на интелектуално, културно, религиозно ниво како и преку медиумите: “Се обидуваме тоа да го сториме”.




