Published: Wednesday, December 13, 2017 21:44
Лидерите од 57 членки на Организацијата за Исламска соработка го сметаат Источен Ерусалим окупиран главен град на Палестина и повикаа меѓународната заедница да го направи истото, според последното комунике од вонредниот самит на групата.
Групата во главно составена од муслимански лидери свика вонреден состанок во Истанбул за да дискурира за контроверзното признавање на Ерусалим како главен град на Израел од страна на Доналд Трамп.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека „нов сојуз“ е формиран наспроти декларацијата на Трамп, која ја опиша како „невалидна во нашето разбирање, разум и свесност“.




