Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Мути“ Меркел – германскиот менаџер на кризи се врати

0
By Нова ТВ on March 28, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 28, 2020 19:51

Трезвената канцеларка на Германија е лидер кој на Европа и е потребен во најголема криза во мирнодопско време, пандемијата на коронавирусот, пишува британскиот Фајненшел Тајмс.

Минатата недела, пишува весникот, Ангела Меркел, направи нешто што никогаш претходно не го сторила во своите 14 години како канцелар: Таа отиде на националната телевизија и се обрати на нацијата.

Тоа беше историски момент: Германија затвори училишта, фабрики и продавници, ги запечати границите за да ја забави прогресијата на вирусот, милиони останаа дома и „чувството на вознемиреност и збунетост беше речиси очигледно“, опишува ФТ.

Ангела Меркел зборуваше мирно во обраќањето, но нејзиниот тон беше цврст: „Ние сите мораме“, рече таа, „да го минимизираме социјалниот живот, да избегнуваме контакти … покажете солидарност“.

Посебна, лична нота беше потсетувањето на нејзиниот живот во комунистичката Источна Германија: „За некој како мене, за кого слободата на движење беше право за кое тешко се бори, ваквите ограничувања може да се оправдаат само со апсолутна неопходност“, рече таа.

Меркел никогаш не и се обраќа на нацијата освен со новогодишните протоколни пораки. Покрај тоа, малкумина ја виделе како покажува емпатија и емоција. Овој пат нејзиното влијание беше огромно: 30 милиони луѓе го гледаа нејзиниот 12-минутен говор. „Тие знаеја дека се во безбедни раце на најискусниот кризен менаџер во Европа“, пишува ФТ.

„Нејзиниот стил како лидер одамна е вон мода, но сега на луѓето им треба токму тоа“, вели Штефан Корнелус, биограф на Ангела Меркел. „Сакате некој како неа, кој зрачи со стабилност и зрелост, некој што не „твита“ на секои пет минути“.

Кога ќе чукне часот, се појавува Меркел – велат нејзините поддржувачи. „Оние со цврста рака како и шоумените може да бидат од некаква корист во мирно време, но во пандемија, кога економијата тоне и милиони се исплашени, потребна е студена глава“, пишува ФТ.

Дури и откако Меркел во понеделникот беше ставена во карантин заради контакт со доктор кој беше позитивен на тестот за „Ковид-19“, не постои сомнеж кај Германците кој е главен.

„Таа ја анализира ситуацијата многу прецизно и за разлика од кој било друг слуша стручни совети“, рече Јирген Харт, портпарол на партијата на Ангела Меркел, ЦДУ. Не е ни чудно што како пример ја посочува Марија Кири, физичарката која го откри радиумот.

Како лидер со најдолг стаж во Западна Европа, Меркел (65) има искуство со кризата: Таа ја водеше Германија за време на финансискиот лом во 2008 година, должничката криза во Еврозоната и миграциската вонредна сотојба во периодот 2015-16 година, кога повеќе од милион бегалци влегоа во Европа.

„Преку сето ова, таа се справи со тивка компетенција и со минимум возбуда“, пишува ФТ.

Нејзиното сегашно враќање во улогата на мајка (Мути) на нејзината нација ги изненади некои затоа што четвртиот и последен мандат на Ангела Меркел е исклучително тежок: „големата коалиција“ што ја води со социјалдемократите е растргната од постојани расправии, додека неизвесноста околу тоа кој ќе че ја наследи како канцелар, ја дестабилизира германската политика.

Конзервативците во нејзината ЦДУ не можат да и простат што за време на бегалската криза ги задржа отворени границите, со што ги продлабочи политичките тензии и даде голем поттик за екстремната десница – „Алтернатива за Германија“ (АфД), која сега е во сите 16 регионални парламенти.

Сепак, се чини дека ништо од тоа не е важно, пишува ФТ. Нејзината Влада се фрли во акција и протурка буџет од 156 милијарди евра за итни случаи за заштита на економијата.

Катја Ликерт, пратеник од ЦДУ, учествуваше на видео конференција во вторникот на високите функционери на партијата. Таа рече дека е импресионирана од настапот на Ангела Меркел: „Некои луѓе зборуваа бескрајно за време на конференцијата, а таа зборуваше само две минути“.

Воздржаноста на Меркел има длабоки корени, пишува ФТ, кои произлегуваат од нејзиното растење во Источна Германија. Таа еднаш кажа дека „учењето кога треба да се молчи е голема предност во периодот на ДДР“. Тоа беше, како што рече, „една од нашите стратегии за опстанок“.

Ќерката на пасторот која стана физичар влезе во политиката по падот на Берлинскиот ѕид и го започна нејзиниот брз подем станувајќи министер во кабинетот на Хелмут Кол. Кога тој беше инволвиран во скандалот со финансирање на партијата, таа го нападна и и му одзеде партискиот престол.

Како канцелар, таа победи на четири последователни избори и „стана симбол на западните либерални вредности кон кои отворен презир покажуваат националистите.

Но, нејзиниот статус како почитувана европска државничка е сега на историски тест: некои во Брисел веруваат дека континентот се соочил со најлошата мировна криза, дека лидерите на еврозоната ќе мораат некако да се обединат и да се соберат зад единствената валута за да ја спасат од кинење, а засега има само мали знаци на координирана европска акција.

Затоа Меркел ќе мора да стори сé што е потребно за да преживее еврото, но на тој начин што нема да се отуѓи од своите сонародници, смета ФТ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.