Музичарот Боб Гелдоф, разочаран од британскиот придонес, и воопшто дејствувањето на Европа во поглед на бегалската криза, јавно го понуди својот дом за четири семејства.
– Гледам со длабок срам и чувство на предавство за тоа кои сме и што сакаме да бидеме, изјави Британецот.
Тој вели во својот дом во Кент, и неговиот стан во предградие на Лондон веднаш би сместил четири семејства, изразувајќи згрозеност од случувањата на границите, плажите и железничките станици.
– Доколку има нова економија, потребна е нова политика, а потфрлувањето на таа нова политика е причината за сегашната трагедија, за оваа болна трагедија, вели Гелдоф.
– Подготвен сум, имам среќа што имам место во Кент и Лондон, и јас и мојата партнерка подготвени сме да земеме три фамилии во Кент и една во Лондон, до момент кога тие ќе можат да ја побараат својата иднина, надополни тој.
Тој за ирското радио РТЕ изјави дека со згрозеност ги следи случувањата.
Познат е по својата музика, но Гелдон речиси 40 години работи и во хуманитарни цели, особено со организирањето на концертот Live Aid во 1985 година.




