На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, 5 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се три мерки за неносење на сигурносен појас, четири за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, 56 за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, соопшти МВР.