Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: 26 лица приведени, 19 локали затворени во Тетово и Гостивар

0
By Нова ТВ on November 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

26 лица се приведени, а за 19 угостителски објекти во Тетово и Гостивар издадени се забрани за работа, по ноќните контроли што ги спроведоа полицијата, УЈП и Државниот пазарен инспекторат во 31 објект во овој регион. Акција е спроведена и на подрачјето на СВР Битола, но не се констатирани посериозни прекршувања на законите. На подрачјето на СВР Велес, пак, при алкотестирање на 232 возачи, е утврдено присуство на алкохол кај 29.

„Контролите почнаа во 22 часот во Прилеп и продолжија до рано изутрина во Велес, Тетово и Гостивар. На подрачјето на СВР Тетово односно градовите Тетово и Гостивар, контролирани се 31 објект. При извршените контроли, на 19 објекти од страна на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат изречени се мерки забрана за вршење на дејност во траење од 15, односно 30 дена за непочитување на законските прописи согласно Законот за регистрирано готовинско плаќање (неиздавање на фискална сметка или непоседување на фискален апарат) и Законот за угостителска дејност (физичко лице кое врши угостителска дејност без да се регистрира во регистар). За време на спроведувањето на акциската контрола приведени се вкупно 26 лица, од кои 16 македонски државјани (поради поседување на наркотична дрога и непоседување на документи за лична идентификација) и десет странски државјанки (девет државјанки на Република Србија и една на Република Црна Гора) поради злоупотреба на туристички престој во Република Македонија и нерегулиран престој во Република Македонија. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, изјави на денешната прес конференција директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски.

Од извршениот преглед на лица- гости во објектите кај повеќе лица се пронајдени паковки со прашкаста материја. Тие се приведени во ПС Тетово и ПС Гостивар. Контролирани се и неколку објекти на подрачјето на СВР Битола, но таму не се констатирани посериозни прекршоци.

Забраните за вршење дејност се во траење од 15, односно 30 дена, за непоседување фискален апарат и неиздавање фискална сметка, но и заради вршење угостителска дејност без регистрација.

Во Велес, Кавадарци и Неготино ноќеска била спроведена сообраќајна контрола, при што алкотестирани биле вкупно 232 возачи и притоа кај 29 возачи е утврдено присуство на алкохол. Министерството за внатрешни работи во соработка со другите институции ќе продолжи со ваквите контроли и во наредниот период“, соопшти Велковски.

Минатата недела МВР , УЈП и пазарните инспектори имаа акција во Скопје, по која беа затворени 13 локали.

контроли МВР УЈП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.