Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Фотографирање гласачки ливчиња, нудење поткуп, агитирање

0
By Нова ТВ on December 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

МВР попладнево излезе со информација за интервенција по пријави за изборни нерегуларности до 16 часот. Притоа се регистрирани 55 случаи.

Во врска со пријава дека во с.Драчево, кај ОУ „Климент Охридски“, на избирачко место 2195 во повеќе наврати забележано е комбе „Форд“ сина боја како носи и враќа гласачи, излезено е на лице место, извршена е обиколка, но не е затекнато такво возило.

Во врска со пријава од лице од Хелсиншки комитет дека на ул. „Боте Боцевски“ пред избирачко место стоеле неколку лица кои нуделе пари-1000 денари на лица од ромска националност, a кои доаѓале на гласање за да гласаат за одредена партија, излезено е на лице место, направена е обиколка на теренот и е утврдено дека нема присуство на лица од ромска националност кои нудат пари.

Од избирачките места 2832 и 2833 кое се наоѓа во ОУ„11 Октомври“ на ул. Мирче Ацев претседателот на избирачкиот одбор пријавил фотографирање на избирачко ливче и побарал интервенција од МВР, постапена е по пријавата и во ПС ОН Центар е приведено едно лице.

На гласачкото место во објект ОУ Димо Хаџи Димов, член на избирачки одбор гласачко место 2650 сторил прекршок од изборниот законик по чл 55 и казниво по чл. 179А, со тоа што ги евидентирал лицата кои гласаат во дворот на објектот, по што е испратена екипа од ПС Карпош.

Овластен контролор од една политичка партија, на гласачко место број 1638/1 поточно кај Домот на културата во Ресен забележал дека во објект на лицето Н.П.  од Ресен  се собираат и делат сендвичи активисти од една политичка партија. Од ПС Ресен е испратена служба, не се констатирани неправилности и следува консултација со јавен обвинител.

На гласачко место 1166 во село Покрвени-Ресен, едно лице го фотографирало ливчето. Случајот во 13.45 часот е пријавен од ОИК и лицето е приведено и одземен е телефонот.

На гласачко место 1191- Крушево, во 11.50 часот А.Е. при гласањето  го фотографирал ливчето поради што од страна на ОИК истото му било одземено и со записник-поништено, а лицето е пуштено. Дополнително во 14.20 часот ОИК по телефон го пријавиле случајот во ПС ОН Крушево и се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

Во 15.05 часот во с.Враништа, на избирачко место 1869, Ј.Ј. од с.Враништа се обидел да и помогне на својата мајка при гласањето при што председателот на избирачкиот одбор  го фатил за рака со цел го отстрани. По ова, дошло до вербална расправија и председателот по што побарал интервенција од УПС кој го отстранил Ј.Ј. од избирачкото место, а Л.Ј. го остварила своето право на глас.

На 11.12.2016 година во 14.15 часот по телефон во ПС ОН Валандово се јавил анонимен граѓанин и пријавил дека во објектот на кафе-барот Антеа во с.Балинци-Струмичко, постојано влегувале и излегувале лица, при што се сомнева дека е поврзано со агитација за изборите. Излезено е на лице место и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во 15.30 часот на гласачко место 2143/1, во ОУ „Васил Главинов“ во Велес од страна на ИО е пријавено дека Н.С. фотографирала гласачко ливче со мобилен телефон. По барање на ИО лицето е отстрането од гласачкото место, се превземаат мерки за документирање на случајот и ќе биде изготвен записник за констатиран прекршок.

Во врска со настанот во 12,30 часот во СОУ Кочо Рацин во Велес избирачко место 2159, во 13,00 часот приведен З.Ј. е приведен во ПС Велес, обавен е разговор со него и истиот во 13,30 часот е пуштен. Изготвен е Записник за констатиран прекрошок по чл 4 ЗППЈРМ, ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапка.

Настанот на избирачко место 2032 во с.Долно Седларци- Општина Брвеница е проверен од страна на ОВККИПС, извршено е анкетирање на граѓани присутни на избирачкото место и полициските службеници задолжени за обезбедување при што никој не потврдува дека ова лице постапило спротивно на член 168 од ЗВР, односно дека лицето И.Т. агитирало на гласачите да гласаат за одредена политичка партија. Известувањето за незаконито постапување е неосновано.

 

изборни нерегуларности МВР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.