За случајот Диво насеље ќе се отвори и меѓународна истрага. Иако се ближи разврската пред домашните судови, сепак кумановските настани ќе бидат цел и на меѓународна истрага, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Во овој судски процес на 37 обвинети им се суди за тероризам и терористичка организација.
Судењето на обвинетите помина со многу контроверзни изјави, а во текот на рочиштата беа споменувани имиња на високи политички функционери меѓу кои и Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Али Ахмети, Никола Груевски и Артан Груби, за кои обвинетите бараа да се ослушаат како сведоци, но нивните барања беа одбиени.
Две години од Диво Насеље: Се уште е тајна кој ја жртвуваше полицијата
Во нападите на 9 и 10-ти мај 2015 во кумановската населба загинаа осуммина припадници на безбедносните сили, а околу 40 тина беа повредени.