Готови лични документи ќе се издаваат за време на претстојниот викенд, во објектот во Македонската Радио Телевизија и во пунктовите Беко, во Драчево, во Бутел и во Ѓорче Петров, информира Одделението за управни работи, при Министерство за внатрешни работи.
Со работно време од 8 до 16 часот, в сабота ќе се издаваат лични карти во објектот во Македонската Радио Телевизија и во пунктовите Беко, во Драчево, во Бутел и во Ѓорче Петров, додека в недела личните документи ќе можат да се подигнат само во објектот на МТВ од 8 до 16 часот.