Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните во Скопје дека во периодот до одржување на парламентарните избори ќе биде овозможено подигање на готовите лични документи (лична карта и пасош) и во денови од викендите.
„Покрај редовното работно време од понеделник до петок од 07:30 до 20 часот, до одржување на парламентарните избори на 15 јули ќе биде овозможено подигнување на личните документи во седиштето на Одделението за управни работи Скопје (зграда на МТВ) и подрачната канцеларија „Беко“ секоја сабота и недела (27 и 28 јуни и 4, 5, 11 и 12 јули) во периодот од 08:00 до 16:00 часот“, соопштуваат од МВР.