Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Притисок и поткуп на гласачи и навредлив пропаганден материјал

1
By Нова ТВ on October 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 15, 2017 12:26

Во неколку населени места вчера бил прекршен изборниот молк и биле евидентирани повеќе случаи на притисок и поткуп врз гласачи од членови на политички партии, како и делење флаери со навредлива содржина за кандидати за градоначалник, а жител на Огњанци на бандера поставувал плакати од кандидати за локалните избори.

Според соопштението од МВР, вчера во 17.05 часот, Б.Х. пријавил дека во „Здружението на глуви“, кое е лоцирано кај „Арапска куќа“, дошле членови од една политичка партија и на членовите од здружението им вршеле притисок дека доколку не гласаат за нивната партија, ќе им ги скратат паричните средства кои се префрлаат на сметката на здружението, а исто така им вршеле други притисоци. Меѓу присутните лица била и Ш.Ш., која е член на здружението на глуви лица.

На 13/14 октомври година во текот на ноќта во Битола во штаб на политичка партија, непознат сторител со тврд предмет скршил стакло и украл телевизор. Истата ноќ. од 22 до 07 часот во Скопје, во трговскиот центар „Лисиче“, во штаб на политичка партија е искршено стаклото од влезната врата.

Вчера во 21.03 часот, Д.К. пријавил дека околу 15 часот во село Петровец, маж кинел плакати на политичка партија. Во 15 часот Д.К.(38) пријавил дека околу 12.30 часот додека се наоѓал во село Огњанци, го затекнал Б.С.(34) од Огњанци, како поставува плакати од политичка партија на бандера пред неговата куќа по што Д.К. изреволтиран од настанот бидејќи е предизборен молк, случајот го пријавил на 192.

Вчера доставена е писмена пријава дека С.П. од село Стајковци извршил прекршување на изборниот молк со делење на флаери со навредлива содржина против еден од кандидатите за градоначалник на Општина Гази Баба.

Вчера, додека ѕтраел изборниот молк, Б.А.(46) од село Сушево пријави дека се сомнева дека лице од село Добрашинци попладнето истиот ден извршило поткуп на гласачи односно на две лица од село Сушево. Како доказ во прилог на пријавата приложени биле две фотографии во електронска форма. Жители на селото признале дека И.Ц. од село Добрашинци со бело комбе им донел картонска кутија со прехранбени продукти и вреќа брашно од 25 килограми.

Кандидат за градоначалник на Пробиштип за време на предизборниот молк во една конфекција оставил пропаганден материјал кој потоа бил делен на вработените.

Во Секторот за внатрешни работи Битола, Г.А.(24) синоќа пријавил дека во 20 часот во неговиот дом во село Мусинци, Б.Р. од Могила му дал 1000 денари со намера да го придобие како да го врши избирачкото право, односно како да гласа за кандидат за градоначалник. Од страна на полициски службеник лицата се повикани, извршен е разговор и од Г.А. со потврда е одземена една банкнота во апоен од 1000 денари. За настанот е информиран јавен обвинител.

И во Струмица е пријавено прекршиување на изборниот молк.

Т.К.(32) од Богданци, пријави повреда на избирачко право на гласачкото место број 0376/1 во Богданци. При гласање на М.Џ.(84) од Богданци која била пријавена за гласање како болно лице, изјавила дека не знаела кој ја пријавил за гласање како болно лице.

локални избори 2017 МВР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.