Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Приведено едно лице во Скопје, случаи на агитирање и нудење пари за глас

0
By Нова ТВ on July 15, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од отворањето на гласачките места во 7 часот утрово, досега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир во Скопје на избирачкото место во ОУ „Петар Поп Арсов“. Лицето В.Ш. (47) го нарушил јавниот ред и мир, откако започнал расправија со претставници од избирачкиот одбор, а во еден момент ја потегнал чантата на претставничката во ИО, а потоа со мобилен телефон ја фотографирал просторијата. Тој е лишен од слобода и известен е јавен обвинител за добивање на натамошни насоки, информира портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес-конференција.

Ангеловски истакна дека гласањето на другите избирачки места се одвива мирно, со почитување на протоколите за гласање, а од неправилности што се пријавени во МВР, има неколку случаи на агитирање, носење гласачи на гласање, испишани графити на избирачки места, како и неколку пријави за наводно нудење пари за глас.

„Ова се добиени пријави по кои постапува МВР и откако ќе се утврдат фактите, соодветно ќе ја информираме јавноста“, нагласи портпаролот на МВР.

Ангеловски информира дека во 7:30 часот во ПС Бит пазар било пријавено дека пред избирачки места во ОУ „Цветан Димов“ и „Даме Груев“ биле испишани графити со содржина поврзана со изборите, а графити биле испишани на ОУ на улиците „Коста Абрашевиќ“, „Браќа Реџепагиќ“ и „Петре Георгиев“ на подрачјето на ПС во Чаир.

Во СВР Велес, посочи портпаролот на МВР, било пријавено дека во близина на избирачко место во кавадаречкото село Сирково биле испишани графити поврзани со изборите.

„Во полициска станица во Крива Паланка се пријавени два случаја на организиран превоз на гласачи до гласачките места, како и четири пријави за агитирање кон гласачи и тоа на ул. „8 Октомври“, ул. „Јоаким Осоговски“ и во селата Узен и Нерор“, истакна Ангеловски.

Агитирање е пријавено и во СВР Струмица за село Пиперово и во Нов Дојран, додека во село Самоилово едно лице се заканувало кон друго за да гласа за одредена политичка партија. Во полициското одделение Ново Село, подвлече портпаролот на МВР, граѓанин пријавил дека едно лице одзело лична карта на друго лице и гласало во негово име.

Во полициска станица во Радовиш, информира тој, Ф.В. од Радовиш пријавил дека П.И, исто од Радовиш му нудел пари за глас, додека во СВР Битола Е.Е. пријавила дека непознати лица и нуделе пари за глас.

„Во СВР Битола било пријавено и дека полициски службеник кој обезбедувал избирачко место во училиштето во село Дебрешта им кажувал на граѓаните кој број да го заокружат на гласачкото ливче. Веднаш е известен одделот за внатрешна контрола и се постапува за да се расчисти овој случај“, рече Ангеловски.

Во СВР Тетово било пријавено дека во ОУ „Коста Рацин“ во село Брвеница имало неколку непознати лица кои ги запишувале граѓаните. За сите овие настани, нагласи портпаролот на МВР, се преземаат соодветни мерки за расчистување и отакако ќе бидат расчистени соодветно јавноста ќе биде информирана.

Агитирање графити Заплашување Избори 2020 Македонија МВР приведување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.