Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР со детали за авионската несреќа, нема информации за причината

0
By Нова ТВ on September 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Педесет полицајци со 10 моторни возила од Единицата за специјални задачи и 120 полицајци со 15 моторни возила од Единицата за брзо распоредување трагале по авионот што вчера се урна во близина на селото Кожле, соопшти МВР.

Службените лица на терен излегле веднаш во 18.45 часот, по известување од жител на селото кој во СВР Велес пријавил дека слушнал експлозија.

Откако бил пронајден авионот, полициски службеници од Единицата за брзо распоредување го обезбедиле местото на настанот и известиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, кој излегол на местото на настанот и направил увид. Како што информираат од МВР, поради немање услови за работа, увидот продолжил денеска.

– На 6 септември 2016 година, во 17.36 часот, дежурен полициски службеник од регионалниот центар за гранични работи Север, во Единицата за известување и команда при СВР Скопје пријавил дека од аеродромот „Александар Велики“ на 10 километри кон Велес се изгубил комерцијален авион со шест патници во него. Според првичните информации од контролата на летање, известено е дека авионот бил приватен, од типот „пајпер па 34 “ со германски регистарски ознаки и дека полетал од Тревизо, Република Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Република Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје за дополнување гориво. Околу 18.45 часот телефонски од СВР-Велес е добиена информација дека жител од селото Кожле пријавил во СВР Велес дека во атар на селото, општина Петровец-Скопје, слушнал експлозија, по што, околу 20 часот, полициски службеници од полициската станица Петровец и жители од Кожле ги пронашле остатоците од авионот на место Јеловица во атарот на селото. Од извршениот преглед на терен пронајдени се делови од авионот и тоа крило со една гума, метална електронска кутија, два мобилни телефони, карти за патување и една италијанска патна исправа, се наведува во соопштението.

Во текот на ноќта била формирана стручна екипа составена од јавен обвинител, претставници од Судска медицина, истражители од Комитет за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, како и полициски службеници од Оддел за криминалистичко-технички испитувања и вештачења на МВР, единицата за увид при СВР Скопје, УПС од СВР Скопје, Единица за насилен криминал, Одделение за крвни и сексуални деликти, потраги и ЦПС. Во 6 часот наутро екипата се упатила кон местото на незгодата за да ги продолжи активностите за обезбедување на местото на настанот, вршење увид и идентификација на починатите лица, како и обезбедување докази за причините за авионската незгода и за смртта на патниците.

– Утринава екипите кои се упатени на местото на настанот, поради лошите теренски услови, во 10 часот пристигнале, а во 10.30 часот почнале со обезбедување на локациите за крим-техничко одбележување на трагите. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки и активности за утврдување на сите поединости околу авионската несреќа и целосно документирање на настанот“, се вели во соопштението на МВР.

Засега нема информации за причините за несреќата во која загинаа пет мажи и една жена, кои патувале од Тревизо, Италија, преку Скопје до Приштина со авион „пајпер“. Малиот авион се урнал 4 минути пред слетувањето на скопскиот аеродром, на два километри од селото Кожле во општина Петровец.

Италијанските и косовските медиуми ги објавија имињата на загинатите. Со авионот управувал пилотот Франческо Монтањер кој бил претседател на аеро-клубот во Тревизо. Во авионот се наоѓале и потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, италијанката Илариа Берти, косовецот со италијански пасош Висар Бегај, како и неговиот брат Ф.Бегај.

Паднатиот авион бил дел од група составена од три авиони кои летале од Тревизо за Приштина, а претставниците на италијанскиот аеро-клуб требало да отворат сличен спортски клуб и во Косово, пишуваат италијанските медиуми.

На приштинскиот аеродром немало гориво какво што е потребно за авионот Пајпер, па морал да слета во Скопје, а потоа да го продолжи летот. Синоќа беа пронајдени остатоци од авионот, а јавен обвинител треба денеска да изврши увид, бидејќи синоќа теренот беше тешко пристапен поради временските неприлики. Контролата на летање на скопскиот аеродром го пријавила исчезнувањето на авионот во МВР, вчера во 17.40 часот.

авионска несреќа. Кожле МВР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.