Две лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која синоќа се случила во скопски Аеродром, на крстосницата кај „Мајчин дом“.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале два автомобили, а кај нив била пријавена во 20:30 часот.

– На крстосница од бул.„Јане Сандански“ со ул.„Васко Карангелески“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Ј.(41) од Скопје и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Ѓ.(61) од Скопје, велат од МВР.

Двајцата возачи се здобиле со телесни повреди во сообраќајката, по којашто биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.