Неовластено поседување на муниција од куршуми со калибар 7,62 мм. и 7,9 мм. била пронајдена при претрес во дом кај Н.Г. во село Арачиново, информираат од Министерство за внатрешни работи (МВР).
Како што информираат оттаму, по претходно издадена наредба за претрес на дом и други простории од Судија на претходна постапка, вчера, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, извршиле претрес во дом кај Н.Г. во село Арачиново кој во моментот не бил дома.
При претресот била пронајдена муницијата која неовластено ја поседувал, а по целосно документирање на случајот од СВР Скопје до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.