Полицијата синоќа запрела „цитроен“ со српски регистарски ознаки, управувано од жител на Врање, во кој што биле пронајдени 12 мигранти од Сирија. Возачот бил приведен, а за настанот бил известен и јавен обвинител.
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека синоќа околу 23:15 часот на регионалниот пат село Давидово – Гевгелија, полициски службеници запреле патничко возило „цитроен“ со српски национални ознаки, управувано од С.С. (35) од Врање, Србија. При преглед во возилото биле пронајдени 12 мигранти од Сирија.
Возачот С.С. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се работи на расчистување на настанот.