Тројцата унгарски туристи се пронајдени живи, потврди за НОВА, Иво Котевски портпаролот на МВР.
По тројцата унгарски туристи двајца мажи и една жена на возраст од околу 30 години денеска се трагаше цел ден, тие се пронајдени здрави и живи во водите на Охридското Езеро.
Тие се уште биле во своите кајаци. Полицијата во моментов разговара со нив, повеќе детали најавуваат за подоцна.
Тие деновиве влегле со автомобил во земјава кој бил пронајден кај Градиште.
Чуварот на кампот синоќа пријавил во полиција дека не се вратиле, а возилото им стои на паркингот во кампот.