Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР во служба на граѓаните – Канцеларија за превенција во Општина Илинден

0
By Biljana on July 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Достапноста и отвореноста на полициските службеници до сите граѓани, а тоа особено важи за локалните заедници, секогаш и секаде, е од примарно значење за нас. Прво, заради поефикасно остварување на полициските работни задачи, а уште повеќе и заради една поблиска соработка меѓу полицијата и граѓаните, во интерес на поголема безбедност и сигурност на граѓаните во заедницата“, ова меѓу другото го истакна министерот Спасовски на денешната промоција на уште една Канцеларија за превенција во Општина Илинден, што ќе функционира при Полициското одделение Петровец, во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје, заедно со градоначалникот Жика Стојановски, во присуство на директорот на БЈБ Сашо Тасевски и раководството на СВР Скопје. Целта е во тесна соработка со локалните власти, со Локалниот совет за превенција, оваа Канцеларија за превенција да биде дополнителен инпут во продлабочувањето на меѓусебната комуникација и доверба, а во насока на превентивно детектирање на сите оние проблеми што од аспект на полициските надлежности ги засегаат сите жители на територијата на оваа локална самоуправа.

Во оваа Канцеларија за превенција, како што впрочем, тоа е случај и со сите останати канцеларии од овој вид низ многуте локални самоуправи во државата, ќе има непосреден контакт на полициските службеници и граѓаните , а преку веб страната на Општина Илинден граѓаните ќе може да се информираат за планираните теми и времето на реализирање на активностите и начинот и работното време на Канцеларијата за превенција.

„Од суштинска важност за нас е преку ваквото полициско работење во заедницата да оствариме поголема граѓанска инклузивност во посочувањето на проблемите, во одредувањето на приоритети и на средства за нивно ефикасно решавање. Сите заеднички треба да ги охрабриме граѓаните, полицијата да ја гледаат како кредибилен партнер во решавање на одредени проблеми во нивната заедница“, рече министерот Спасовски.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски изрази благодарност за отворањето на Канцеларијата која ќе биде гаранција за општата безбедност на граѓаните од општина Илинден.

МВР полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.