Министерството за здравство (МЗ) информира дека се регистрирани нови девет случаи на коронавирус во земјата со што бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 до денеска во 12 часот изнесува 85.
„Според местото на постојано живеење, случаи на Ковид-19 се регистрирани во шест градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.
Како што соопштуваат од МЗ, состојбата на хоспитализираните пациенти на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера.
Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца имаат форма на потешка пневмонија, но, во моментот се стабилни, а кај останатите пациенти е полесна клиничката слика. Сите пациенти кои се наоѓаат на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од Клиниката.“, се вели во соопштението.