Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗ: Починатиот 24 – годишен пациент сам побарал да се лечи дома

0
By НОВА ТВ on August 27, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако здравствената состојба на 24 – годишниот пациент била сериозна, тој побарал да биде испишан од болницата.

Меѓу 36-те починати пациенти од Ковид – 19 во денешната статистика е и 24 – годишно момче од Ресен. Тој утрово починал во Клиничката болница, каде таму бил примен пред три дена. Министерството за здравство информираше дека на 24 август тој бил примен на инфективното одделение во битолската болница како суспектен на вирусот во тешка здравствена состојба, со ниска сатурација и отежнато дишење, има масивна бронхопневмнонија. Иако на него му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка, пациентот, како што наведуваат од министерството, одбил да остане на болничко лекување. По ова лекарите го запознале за неговата сериозна здравствена состојба, но тој побарал да биде пуштен на домашно лекување.

– По потпишана изјава дека си оди на сопствена одговорност, пациентот е испишан со препишана терапија која треба да ја прима во модуларната болница во Ресен. Следниот ден, на  25 август, пациентот е донесен од Општата болница Охрид за хоспитализација во Клиничката болница Битола. Веднаш хоспитализиран во тешка општа состојба со ниска сатурација, поставен на двојна кислородна поддршка, интензивна терапија, но и покрај тоа постојано му се влошува состојбата и паѓа сатурацијата. На 27 август утрото и покрај обидите на лекарите да го спасат, пациентот починал. Во системот не се заведени коморбидитети кај пациентот и тој не бил вакциниран, велат од министерството.

Инаку, момчето неодамна правело свадба, јави ММС, а се претпоставува дека се заразил од некој од гостите кои биле присутни на свадбата.

болница здравствена состојба Ковид лекување пациент починат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.