Еден починат седумдесет и едногодишник во болнички услови , 378 новозаразени од КОВИД-19 од направени 7.647 тестови и 25 оздравени пациенти, е билансот што го лиферува Министерството за здравство за последните 24 часа за состојбата со пандемијата во земјава.
И натаму Скопје и Тетово се на врвот по бројот на заразени, а бројките се следни:
Скопје – 118, Тетово – 114, Гостивар – 51, Кичево – 20, Куманово – 18, Струмица – 16, Битола и Охрид – по 9, Кавадарци – 6, Велес – 4, Кочани – 3, Струга и Радовиш – по 2, Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод  – по 1.
Регистрирани сe 25 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Тетово – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар и Кавадарци – по 1.
Пријавено е едно починато лице од Скопје (71г), што починалo во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.627 бројката на оздравени пациенти е 150.506, на починати е 5.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.618.