Прага: Ако барате прифатлив божиќен базар, главниот чешки град може да биде добра опција.
Познат по своите дрвени тезги, големи елки и мирисот на трделник, главниот град на Чешка привлекува голем број туристи секоја година, а сега официјално е прогласен за најдобра европска дестинација за зимски одмор, пишува „Дејли Меил“. Атмосфера како во бајките во срцето на Европа, Прага често се смета за идеална за божиќните базари. Калдрмените улици опкружени со готски кули и барокни фасади, создаваат препознатлив историски амбиент.
На саемите можете да ги почувствувате мирисите на греано вино (сварак), медовина и традиционални чешки деликатеси, а посетителите се придружени од жива музика, театарски претстави и хорови. Во центарот на саемот доминира голема елка донесена од чешките шуми, а во позадина е познатиот Астрономски часовник.
Според истражувањето на порталот „Сикрет Лондон“, Прага е убедливо најпристапната дестинација.
Просечната цена за ноќевање во хотел со три ѕвездички е околу 84 евра, додека за пинта пиво ќе потрошите просечно 2,50 евра.
Прашкиот саем трае до Богојавление, 6. јануари.
Новогодишната ноќ во Прага е одбележана со огномет на 31. декември и 1. јануари. Најубавиот поглед е од плоштадот на Стариот град, Карловиот мост и бреговите на реката Влтава. Празничниот период завршува на 6 јануари, на празникот Богојавление, кога се одржува големата поворка на Трите кралеви.




