Букурешт: Најмалку три лица загинаа, а 17 се повредени при експлозија во главниот град на Романија.
Експлозијата се случи во осумкатна станбена зграда.
Пожарот се проширил од првиот до петтиот кат, како и на друг станбен блок.
Поради експлозијата зградата е во опасност од уривање и жителите се предупредени да не се доближуваат до објектот.
По експлозијата евакуирани се учениците и наставниците од блиската гимназија.