На 14 август ќе се одржи седница на Собранието посветена на посветена на состојбата во поплавените подрачја, соопштија денеска од Кабинетот на спикерот Трајко Вељаноски.
Одлуката е донесена во договор со координаторите на пратеничките групи.
– До 14 август, се очекува Владата на Република Македонија да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и за преземените мерки во насока на санирање на последиците, се вели во соопштението.
Претходно пратеничката група на СДСМ побара одржување на итна седница токму за оваа состојба.