Германскaта канцеларка Ангела Меркел ќе отпатува за Г-20 во Осака и покрај видливото тресење на јавниот настан во Берлин.
“Се оди напред според планираното”, изјави нејзиниот портпарол за германските медиуми. Канцеларката е добро”.
Меркел можеше да се види како се тресе додека стоеше до германскиот претседател, Франк-Волтер Штајнмаер, во дворецот Белви во Берлин денеска изутрина. На снимките се гледа како и нудат вода, но таа одбива.
Меркел која има 64 години присуствуваше на настанот по повод инаугурацијата на новиот министер за правда.
На 18 јуни, Меркел беше видена како се тресе на пречекот со претседателот на Украина. Подоцна таа изјави дека испила три чаши вода и дека се чувствува добро.
Канцеларката исто така беше видена како се тресе за време на воени почести во Мексико Сити за време на посетата во 2017 година.




