Published: Friday, February 18, 2022 16:13
Холандската влада денеска соопшти дека ќе испрати 100 снајперски пушки и муниција, радарска опрема и детектори за мини.
Воената помош ќе биде испратена на барање на украинската влада, изјави холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра.
Хоекстра рече дека холандската влада сè уште смета дека украинската криза може да се реши со дипломатија, но дека во овој тензичен момент мора да ги поддржи украинските вооружени сили.
„Украина мора да биде способна да се одбрани на нејзина територија од можен руски вооружен напад“, се вели во соопштението.




