Зголемена сообраќајна фреквенција на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, освен на „Богородица“ каде времето на чекање е од 10 до 20 минути. На „Табановце“, пак, се чека од 15 до 30 минути, соопштија од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.