Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На денешната Конференција на ОН формално ќе ја признаат палестинската држава неколку земји

0
By Marija Todorovska on September 22, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 22, 2025 10:01

За време на денешната Конференција на ОН во Њујорк неколку земји планираат формално да признаат палестинска држава, што се организира пред годишниот собир на светските лидери на Генералното собрание на Обединетите нации, јави ДПА.

Францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на конференцијата на ОН заедно со Саудиска Арабија, која започнува во 15 часот (19 часот по Гринич), за да го промовира решението за две држави.

Покрај Франција, Белгија и Нов Зеланд објавија или посочија планови за признавање на Палестина и покрај жестокото противење на Израел, пренесува ДПА.

Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија овој чекор го направија вчера, станувајќи првите големи западни економии што ја признаа палестинската државност. На денешната конференција исто така свои говори ќе имаат и британскиот премиер Кир Стармер и канадскиот премиер Марк Карни, најавува германската агенција.

Земјите учеснички имаат за цел да ги одржат живи надежите за дипломатско решение што предвидува палестинска држава покрај Израел.

Критичарите предупредуваат дека притисокот врз Израел може дополнително да ги ескалира тензиите.

Израел и неговиот сојузник, САД, ја бојкотираат конференцијата. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ќе присуствува како поддржувач на решението за две држави, иако Берлин моментално се спротивставува на формалното признавање на Палестина.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе учествува преку видео врска откако администрацијата на Трамп му одби виза, потсетува ДПА.

Годишната Генерална дебата на ОН започнува утре,  на неа се очекува да присуствуваат околу 150 шефови на држави и влади.

Генерално собрание на ОН Палестина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.