Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Детската клиника вработени 20 медицински сестри, наскоро уште толку

0
By Нова ТВ on February 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за финансии дало дозвола за вработување со договор на дело за 20 медицински сестри на Клиниката за детски болести и тие веќе почнале со работа. Ова денеска го соопшти директорката на Клиниката за детски болести, д-р Катарина Ставриќ, која појасни дека тие претходно биле инволвирани по одделите, а очекуваат одобрување за вработување на дополнителни 20 сестри.

-Има поголема потреба од сестри, но и со овие 40 медицински сестри ќе се подобри состојбата, рече Ставриќ, додавајќи дека дел од нив се на одделението за хематологија.

– Одделението за хематологија функционира, пет од 20-те сестри работат, а од втората група сестри во тоа одделение ќе бидат ангажирани уште три. Моментално на Одделението за онкологија се хоспитализирани 12 деца, а три четири деца на хематологија, рече д-р Ставриќ, одговарајќи на новинарско прашање.

Д-р Ставриќ рече дека сестринскиот кадар на таа Клиника е намален, оптоварени се со дежурства, релативно се возрасни со хронични заболувања, а добар дел од нив често пати земаат боледувања. Таа изрази надеж дека со овие 40 сестри ќе се подобри тој дел од работата.

– Недостига кадар се бидејќи кадровската политика во последните години била лоша, а голем дел од сестрите и докторите заминаа во приватните болници. Дел од сестрите заминаа во Германија. Старосната возраст на докторите е голема и ни недостигаат доктори на сите оддели. Ние сме Клиника со 13 оддели и секоја супспецијалност има двајца до тројца специјалисти, тоа е премалку за да се организира работата, а посебно имајќи предвид дека дел од докторите дежураат покриваат одделение, супспецијалистичка амбуланта, професорите се вклучени во настава, во едукација…Има потреба од повеќе доктори по одделите, рече д-р Ставриќ.

Посочи дека имаат специјализанти, а дел од нив веќе се вклучени во одредени оддели за да се насочуваат во процесот на едукација.

Недостига нова апаратура, потенцира д-р Ставриќ и додаде дека постојната апаратура има свој век на траење и треба постојано да се обновува.

– Апаратура без специјалисти, без доктори не ви користи. Затоа акцентот ни е ставен на создавање кавалитетен кадар, на преност на знаењето од постојните супспецијалисти на младите за да можат да бидат ефикасни во поставување на дијагнозата. Соработуваме и со другите институции во рамки на Клиничкиот центар. Застој во работењето нема. Ова е врвна установа, сите тешки пациенти доаѓаат тука и се успева и со пожртвуваност и на докторите специјалисти и на сестрите да се даде врвна здравствена заштита. Во моментот околу 120 деца се хоспитализирани, а околу 20 има во дневната болница, додаде д-р Ставриќ.

вработени Детска клиника сестри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.