Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На дното на морето пронајдени тркалата и делови од урнатиот боинг

0
By Нова ТВ on November 2, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 2, 2018 07:31

Националната агенција за пребарување и спасување на Индонезија соопшти дека се пронајдени делови од опремата за слетување од авионот на компанијата Лајон ер што се урна во понеделникот во морето.

Пронајдени се тркалата и голем дел од трупот.

Откривањето на овие делови се случува  еден ден откако иследниците ја пронајдоа црната кутија со податоците од летот ЈТ 610 на нискобуџетската компанија Лајонер, кој се урна на рутинскиот домашен лет. Сето ова треба да го даде заклучокот зошто се урна авионот боинг 737 Макс 8 произведен во 2018 година, при што загинаа 189 патници и екипажот.


На прес-конференцијата во пристаништето “Танџунг Приок” во Џакарта, Мухамед Сијаки рече дека агенцијата за пребарување користела друга стратегија за време на своите операции за да ги лоцира авионските делови.

Стратегијата подразбира зацврстување на брод што припаѓа на нафтена компанија, бидејќи бродот веќе ја познавал локацијата. Било користено и далечинско управувано возило (ROV).

Сијаки рече нуркачите од Агенцијата, морнарицата и полицијата биле испратени во областа. Тие денеска планираат да користат бродски кран за да ги извада остатоците од опремата за слетување.

Вчера беа објавени фотографии од рекордерот на податоците за летот.

Заменик-директорот на Националната комисија за безбедност на сообраќајот (KNKT), Харио Сатмико, за Си-Ен-Ен изјави дека ќе треба две до три недели да се обработат податоците од црната кутија, а уште два до три месеци да ја анализираат.

Капетан Даниел Путу Кункро Ади, директор на “Лајон групацијата”, кој го поседува “Лајон ер”, како и други авиокомпании, одби да понуди какви било објаснувања за несреќата.

-Како компанија чекаме резултат од Националниот комитет за безбедност во сообраќајот кој работи со црната кутија” за да се утврди што не беше во ред, изјави Ади.

Ади рече дека е уверен оти  пилотите ја извршиле својата работа “професионално и се бореле да го спасат авионот”, и изрази сочувство на семејствата на жртвите.

Авионот претходниот ден имал проблеми

Во неделата авионот “Боинг 737 Макс 8” – нов авион, кој имаше само околу 800 часови летање на часовникот – ја прелета линијата на Бали-Џакарта на Лајон Ер и доживеа проблеми со одржување на височината,  вели за Си Ен Ен Роби Гахару, менаџерски консултант, кој бил на летот авионот JT43 во неделата кој доцнел околу два часа при полетувањето од индонезискиот туристички остров.

-Кога патниците на крајот се качија работите изгледаа нормално, но кога авионот полета, се чувствуваше како да се бори да се искачи.  Мислев дека можеби тоа беше предизвикано од турбуленции, а после 10 минути, авионот пропаѓаше. Луѓето беа во паника, објаснува Гахару, додавајќи дека овој проблем со висината го потврдила и веб-страница за следење на летови.

Чудно полетување

Во очекување на информации за тоа зошто сосема нов авион се урна во морето само 13 минути по полетувањето, FlightRadar24 објави податоци кои покажуваат дека авионот се однесувал невообичаено за време на полетувањето.

Вообичаено авионите на самиот почеток се искачуваат, но авионот на Лајон Ер доживеал пад од 726 метри за 21 секунда.

Експертот за воздухопловство, Дејвид Соуси, изјавил за Си-Ен-Ен дека последните мигови на летот биле “надвор од нормалниот режим на мануелен лет“.

“Нешто се случуваше во пилотската кабина, или нешто со што се обидуваа да се справат со автопилот”, вели тој.

Во меѓувреме започна преземањето на личните работи на патниците кои се идентификувани.
Во средата властите почнаа да ги носат роднините на пристаништето за да ги идентификуваат личните работи на жртвите.
Меѓу предметите кои се извадени од морето има паричници и други лични работи, детски обувки, играчки и торби.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.