На социјалните мрежи од вчера почна да се објавува најава за протест в среда, за поддршка на екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски, кој според упатниот акт треба на 8 ноември да се јави на издржување на казната затвор од две години, за предметот „Тенк“ на СЈО.
Протестот е закажан за 19 часот пред Кривичниот суд во Скопје.
Најавата е објавена на фејсбук страницата Правда за Никола Груевски, а на своите Фејсбук профили ја споделуваат пратеници од ВМРО ДПМНЕ и поддржувачи на опозициската партија.
-Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата. Борбата за правда започна. Споделете, се наведува во најавата, на која никаде не се наведува организаторот на протестот.