Претседателот на Филипини Родриго Дутерте денеска прогласи состојба на беззаконие во целата држава, откако во неговиот роден град Давао исламската екстремистичка група Абу Саеф изврши бомбашки напад во кој загинаа 14, а повредени со околу 70 луѓе.
Дутерте кој доцна синоќа ја посети локацијата на нападот во центарот на Давао изјави дека прогласувањето на состојба на беззаконие не значи и воведување на вонредна состојба.
Тоа ќе овозможи распоредување на војската во урбаните центри за поддршка на полицијата и воспоставување контролни точки и зајакнување на бројот на патролите.
Портпаролот на Абу Саеф Абу Рами изјави дека оваа група ја презема одговорноста за бомбашкиот напад во близина на Универзитетот Атенео де Давао кој го водат језуити како и на еден хотел со пет ѕвезди, но Дутерте наведува дека истражните органи се уште не го отфрлиле ни другите можности, вклучувајќи ја и таа дека експлозивната направа ја детонирале нарко групи против кои претседателот неодамна покрена војна.
-ОЛва се вонредни времиња, а јас имам овластување да им наложам на безбедносните сили на оваа земја да вршат рации, изјави Дутерте повикувајќи го граѓаните да бидат внимателни.
-Се обидуваме да излеземе на крај со кризата. Во оваа земја постои криза во врска со дрга, убиства и со целата таа атмосфера на беззаконие и насилство, изјави Дутерте, кој пред да биде избран за претседател, со години бил градоначалник на Давао.




