Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На градоначалникот – шверцер му се заканува затвор за постаро дело

1
By Нова ТВ on October 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавното обвинителство бара градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев да одлежи две години затвор, бидејќи од 2015 бил осуден на условна казна за сторено кривично дело проневера во службата.

Кривичниот совет на струмичкиот суд веќе заседавал по барањето на Обвинителството да се активира казната, но одлуката како што изјавиле од Судот за ТВ24 ќе биде соопштена во понеделник.

Боро Стојчев во 2015 година бил осуден за кривично дело „проневера во службата“ сторено пред 8 години. Му била изречена условна затворска казна од две години, доколку не го повтори делото во следните 4 години. Со оглед дека во меѓувреме Стојчев е правосилно осуден за ново кривично дело, Јавното обвинителство смета дека треба да се активира двегодишната казна која му истекува во април идната година.

Стојчев во јули годинава со уште 4 други лица беше фатен како пренесува цигари од марката калипсо пред македонско бугарската граница. Му се судеше за кривично дело обид за пренесување непријавена стока за што од струмичкито суд доби казна од 18 месеци, но по жалба на одбраната Апелација казната му ја намали на 6 месеци.

Тој за три месеци треба да се врати на функцијата, бидејќи членот 54 од Законот за локална самоуправа, предвидува дека мандатот  престанува ако лицето е осудено на казна затвор над шест месеци. Доколку не се намалеше казната затвор за Стојчев, во Ново Село требаше да се одржат нови локални избори.

Стојчев на функцијата градоначалник на Ново Село дојде на ланските локални избори како кадар на СДСМ,

СДСМ вчера го повика градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата и најавија дека е започната е постапка за исклучување од партијата.

-Уште кога се случи тоа партијата го разреши Боро Стојчев од претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село, изјави пратеникот од СДСМ и коалицијата Костадин Костадинов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.