Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Кипар како дома: Тричковски верен на АЕК Ларнака до 2020 година

0
By Нова ТВ on November 20, 2017 СПОРТ
Фото: aek.com.cy
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кипарската фудбалска сцена му годи на Иван Тричковски. Македонскиот репрезентативец останува верен на АЕК до крајот на мај во 2020 година. На тимот од Ларнака му пристапи лани и оттогаш забележа 47 настапи што ги круниса со 25 погодоци.

АЕК, воедно, е трета средина за офанзивниот крилен играч на Кипар. Претходно една сезона (2009/10) го носеше дресот на Енозис Паралимни, а од 2010 година до 2012 година беше член и на АПОЕЛ од Никозија.

„Се чувствувам одлично овде. Бев добро прифатен уште од првиот момент. Функционираме како семејство што беше причина да не размислувам премногу при носење на конечната одлука да останам овде. Благодарност до управата на клубот и до тренерот за укажаната доверба и на навивачите за поддршката што ја даваат“, изјави Тричковски по промоцијата на новиот договор во Ларнака.

За репрезентацијата на Македонија одигра 47 средби во кои реализира и четири гола. Дебитантскиот го постигна против Азербејџан во пријателската средба во 2010 година по што погоди и против Малта (пријателски меч), против Република Ирска (квалификации за ЕП 2012) и против Велс (квалификации за СП 2014).

Тричковски е дете на Вардар, а во досегашната кариера настапуваше и за Работнички, за белградска Црвена звезда, за Бриж и Васланд Беверен во Белгија, за Ал-Наср во Обединетите Арапски Емирати и за Легија Варшава во Полска.

АЕК Ларнака Иван Тричковски фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.