Рускиот амбасадор во Варшава Сергеј Андрејев одговори на провокацијата на локален новинар за време на инцидентот што се случи во полската престолнина на Денот на победата.
Тогаш рускиот амбасадор беше мета на црвена боја, а агресивната група Полјаци и Украинци, кои претходно се собраа на гробиштата каде Андрејев требаше да положи венец, му го попречија патот, извикувајќи навреди.
“На вас е крвта на илјадници Украинци”, велеа од толпата на што амбасадорот врати:
“На мене е сируп и тој симболизира монтажа и овде и во Буча!”
(Видео) Демонстранти го полеаја рускиот амбасадор во Полска со црвена боја на гробишта