По реакциите во јавноста на некои граѓани од Скопје кои деновиве пројавиле симптоми сомнителни на ковид-19 дека преку матичните лекари и системот „Мој термин“ и по неколку дена не можат да закажат ковид-тест во јавното здравство, туку дека им се нуди опција да одат во Тетово, Кочани или да се тестираат во приватна лабораторија, од Министерството за здравство одговараат:
„Граѓаните во Скопје може да се тестираат со ПЦР тестови во ИЈЗ и ЦЈЗ, и на располагање има доволно термини. Во секојдневната статистика објавуваме и број на направени тестови по установи, на 16 септември биле направени 3.885 тестови преку: ИЈЗ-270, ЦЈЗ Скопје-53, ЦЈЗ Битола-61, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово–60, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија – 16, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-213, Биотек-240, Систина-114, лабораторија Лаор-170, Синлаб-14, Ремедика-18, Плодност–37, Генеа-15, Никоб лаб-451, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-52, Ројал Медика –15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.696“, велат од Министерството за здравство.
(Љ.Б.)