Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На пратеникот Милошоски ќе му се одземе безбедносниот сертификат?

0
By Ана Василевска on November 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Антонио Милошоски (архивска
Антонио Милошоски (архивска фотографија)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали конечно кривичните дела кои ги има сторено пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ќе му се „удрат од глава“ и ќе го остават без сертификатот за безбедност? Ако внимателно се следи изјавата од минатата недела на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, тогаш како да се навестува дека агенцијата ќе покрене постапка за да му се одземе безбедносниот документ на пратеникот, кој најверојатно е добиен на незаконски начин. Имено, иако не го споменува со име, сепак од содржината на изјавата станува јасно дека се работи за Милошоски.

„Се работи за поранешен министер, сегашен актуелен член на Собранието на РСМ и човек кој води една важна комисија. Но, кога малку проверивме видовме дека има одредени изоставени важни податоци. Податоци за санкционирања во земја членка на ЕУ во поглед на интересни кривични прекршоци. Не споменувам имиња, како истражувачки новинари проверете за што се работи, а понатаму како и што ќе се одлучува во однос на тој предмет и останатите предмети каде има пропусти дополнително ќе ве информираме. Ако сте спремни да вперите прст во некој дали има морален кредибилитет и интегритет, да обвинувате дека злоупотребил службена положба затоа што потпишал предмет потпишан од 10 припадници на АНБ, од кои еден не ја завршил работата, а во исто време против вас се води судски процес за измама и злоупотреба на службена положба, треба да имате кредибилитет и образ за тоа.“- изјави Димовски алудирајќи на постојаните јавни прозивки на Милошоски кон него за издадениот пасош на украинецот Онишенко.

Димовски дополни дека во овој процес АНБ се навраќа на сите безбедносни проверки од претходно за да утврди дали и каде има пропусти со издавањето на безбедносниот сертификат на Милошоски. Кога се споменува држава членка на ЕУ се мисли на Германија и на кривичните дела кои пратеникот ги има сторено таму, а се однесуваат на фалсификување исправи и на кражба. Иако Милошоски се обидуваше тоа да го демантира пред македонската јавност, сепак беше покажан документ од тетовскиот суд со кој се потврди дека пратеникот навистина сторил две кривични дела во Германија. Таквата казнена евиденција судот ја имал испратено до Државната изборна комисија во пресрет на парламентарните избори во 2020 година и со неа недвосмислено се потврдува дека Милошоски сепак бил казнет за кривични дела.

Со оглед дека Димовски во последната јавна изјава го нагласува фактот дека е назначен за директор во период кога Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) преминува во АНБ, тогаш се добива впечаток дека Милошоски го искористил тој правен вакуум за да издејствува некој да му додели безбедносен сертификат. Но, како и да е, сепак веќе е јасно дека во АНБ се занимаваат со сертификатот на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ и наскоро јавноста ќе знае дали Милошоски заслужува да поседува таков важен безбедносен документ или сепак ќе мора да му биде одземен.

Во контекст на кривичните дела на пратеникот, јавноста знае дека и пред македонските судови се води предметот „Моќник“ во кој Милошоски е обвинет за измама и за злоупотреба на службената положба. Ова кривично дело ако биде санкционирано со пресуда тогаш Милошоски ќе нема право во иднина на безбедносен сертификат и ќе биде доведена под сомнение секоја негова идна државна функција.

 

Агенција за национална безбедност Антонио Милошоски ВМРО-ДПМНЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.