И на овој први мај во светот се одржаа протести.
Во Париз повеќе синдикати ги повикаа граѓаните на протест во кој се бараше да не се усвојува новата реформа на Законот за работни односи. Според Министерството за внатрешни работи на протестот излегле околу 85.000 луѓе во повеќе градови во Франција.
На парискиот протест избувнаа нереди кога повеќе млади со маски на лицата се судрија со полицијата.
Женското движење Фемен се појави на банкетот што по повод Први мај го организираше екстремно десната партија Национален фронт. Тие скандираа “Да живее крајот на НФ” облечени во светкави мини здолништа и со голи гради. Поддржувачите на НФ им порачуваа на полицајците, кои ги приведоа припадничките на Фемен, “Ставете ги под тркалата на камионите” и “Немојте да бидете нежни со нив!”
Во Истамбул протестот се одржа на плоштадот Таксим и едно лице загина во судирите со полицијата кога во него удрил воден топ. И покрај тоа што власта забрани протести на овој ден синдикатите го организираа протестот. И таму дојде до судири со полицијата која употреби водени топови и солзавец.




