Published: Thursday, January 7, 2016 09:11
Советот за безбедност на ОН ја осуди нуклеарната проба на Северна Кореа и соопшти дека во тек е подготовка нацрт резолуција за дополнителни санкции против Пјонгјанг. Синоќа се одржа итна седница зад затворена врата откако Северна Кореа соопшти дека извршила проба на хидрогенска бомба. Советот оцени дека тоа претставува јасно кршење на неговите резолуции со кои на Пјонгјанг му е наложено да ги прекине сите нуклеарни активности, како и програмата за производство на балистички ракети.
Преходно Белатта куќа соопшти дека според нивните информации не станува збор за хидрогена бомба, но одбија да коментраат каква бомба тестирале.




