Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Волстрит берзанските индекси достигнаа нови највисоки нивоа во историјата

0
By НОВА ТВ on November 3, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 3, 2021 08:18

На Волстрит берзанските индекси достигнаа нови највисоки нивоа во историјата додека инвеститорите ги чекаат одлуките на лидерите на американската централна банка за намалување на монетарните стимулации. Dow Jones зајакна за 138 поени, или 0,39 отсто, на 36.052 поени, додека S&P 500 порасна за 0,37 отсто, на 4.630 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,34 отсто, на 15.649 поени.

Dow Jones достигна рекордно високо ниво трет ден, а S&P 500 и Nasdaq индексот четврти ден по ред бидејќи кварталните деловни резултати на компаниите беа подобри од очекуваните. Досега, приближно 320 компании во индексот S&P 500 објавија резултати, при што околу 82 проценти остварија поголема заработка од проценетата.

Аналитичари сега проценуваат дека заработката на компаниите и банките од индексот S&P 500 пораснала за 40,2 отсто во третиот квартал во однос на истиот период лани, додека на почетокот на октомври очекувале раст од 29,4 отсто. Инвеститорите ќе се фокусираат денеска на одлуките и пораките на челниците на американската централна банка, по нивната редовна дводневна седница.

Се очекува лидерите на ФЕД да го одобрат планот за намалување на програмата за откуп на обврзници од 120 милијарди долари месечно, што ја поддржа ликвидноста, а со тоа и раст на пазарот на капитал од почетокот на пандемијата на коронавирус. Инвеститорите внимателно ќе ги следат пораките во врска со клучните каматни стапки и инфлацијата. Повеќето аналитичари веруваат дека ФЕД ќе почне да ги зголемува каматните стапки во втората половина на следната година и би можел да ги зголеми во два наврата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.