Published: Tuesday, March 1, 2022 09:21
„Сите 43 возила со членови на специјалната мониторинг мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ја напуштаат територијата на Доњецката Народна Република (ДНР), соопшти претставник на ДНР во Заедничкиот центар за контрола на прекинот на огнот.
Информацијата за некои светски агенции ја потврдил и дипломатски извор.
Според очевидци, претставниците на ОБСЕ ги напуштиле канцелариите во Луганск и се упатиле кон Русија. Во соопштението се додава дека во Русија ќе влезат преку контролниот пункт Успенка.
Задачата на оваа мисија беше следење и известување за прекршувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Киев и проруските сили во источна Украина.




