Published: Monday, March 9, 2015 11:18
Околу 100 куќи во српската општина Косјериќ биле оштетени вчера при земјотресот со јачина од 4.6 степени, информираше претседателот на општината Милан Стојаниќ.
„Првичните информации говорат дека има штета, особено во внатрешниот дел на општината, во селата Ражани и Мрчиќи оштетени се околу 100 куќи. Штетата според првични проценки изнесува од пет до десет илјади евра“, вели Стојаниќ за РТС.
Тој најви дека во текот на денот стручните комисии ќе ги посетата селата по што ќе се прецизира висината на штетата.
Според Стојаниќ, можно е поголем број куќи да билле ошетени во земјотресот бидејќи нема пристап до одредени села поради снегот.



