Published: Sunday, July 9, 2017 09:39
Околу 180 шумски пожари беснеат во областа Британска Колумбија во Канада поради што 3000 домаќинства се евакуирани. Властите прогласија вонредна состојба за првпат по 14 години. Пожарот зафатил стотина километри од внатрешниот дел на провинцијата. Високите температура им ја отежнуваат работата на пожарникарите.
https://www.youtube.com/watch?v=1qRIPZH3FE0
„Високите температури не ни помагаат“, изјави министерот Џон Растад. Пожарите букнаа во петокот. Нема податци за евентуални жртви или повредени.
Властите се уште немаат податоци за причинетата штета иако има уништени куќи и други објекти. Вонредна состојба во Британска Колумбија последен пат била прогласена во 2003 година и тогаш поради пожари.
.





