Новиот американски претседател Доналд Трамп веднаш по денешната ианугурација ќе почне да ги користи своите извршни овластувања, при што има подготвено повеќе од 200 одлуки.
-Тој е посветен на тоа, не само првиот, туку и вториот и третиот ден да донесе вистински промени што ќе ги видите во претстојните денови и недели, изјави вчера портпаролот на Трамп Шон Спајсер, додавајќи дека активностите на Трамп се очекуваат денеска, во текот на викендот и идната недела, пренесува Хина.
Главни теми на програмата на Трамп се ограничување на миграцијата и отворање на нови работни места, рече Спајсер.
Трамп за првиот ден најави дека формално ќе ја објави намерата на САД за повлекување на 12 члениот трговски договор за Транспацифичко партнерство, на што жестоко се противеше во текот на предизборната кампања тврдејќи дека тој Договор е штетен за американските стопанственици и за работниците, објави денеска АП.
Исто така новиот претседател вети дека веднаш ќе ја објави и намератат за повторни преговори за 23 годипниоот Северноамерикански договор за слободна трговија или, за повлекување од него.
Меѓу останатите прашања со кои Трамп прво ќе се занимава како претседател би можела да биде и рана акција по прашањето за енергетика, при што најверојатно ќе ги укине постоечките прописи за нафта и јаглен, како и по прашањето за сајбер безбедноста.
Трамп повеќе пати вети дека веднаш ќе стави точка на имиграционата политика на својот претходник Барак Обама, иако, како што оценуиваат американските агенции, некои од неговите ветувања би можеле да бидат тешко остварливи.
Новиот претседател најави и дека наскоро, по доаѓањето во Белата куќа, ќе се посвети на изградба на ѕид на маериканско – мексиканската граница, што е еден од неколкуте чекори поврзани за намалување на имиграцијата која му ја препорачуваат советниците.
Тоа вклучува укинување на уредбата на Обама со која им е дозволено на 700.000 луѓе, кои се доведени во САД илегално како деца, да останат во земјата со двегодишна дозвола за работа и за запишување на колеџ.
Советниците на Трамп провериле повеќе од 200 можни уредби чие потпишување ќе бидат разгледани, а се работи за прашања од областа на здравственото осигурување, климатска политика, миграција, енергетика и друго.
Засега никој од неговиот тим не се знае колку од овие уредби Трамп ќе одобри.




