Во последните 24 часа во САД се регистрирани 282 смртни случаи од ковид-19, односно вкупно 745.670 од почетокот на пандемијата.
Податоците од Универзитетот „Џон Хопкинс“ покажуваат дека бројот на заразени во САД се зголемил за 28.327 на вкупно 45.953.806 милиони лица.
Повеќе од 4,91 милиони луѓе биле заразени во Калифорнија, што е најмногу во САД. Следат Тексас (над 4,23 милиони) и Флорида (над 3,69 милиони). Речиси 72.000 смртни случаи биле пријавени во Калифорнија, 71.000 во Тексас и повеќе од 59.000 во Флорида.
Податоците од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека 79,9 отсто од возрасната популација е вакцинирана со најмалку една доза, 69,5 отсто со две дози, а 9,2 отсто ја примиле и третата доза.